Моделот Кејт Мос и нејзината ќерка, Лила, која исто така е модел, уживаа во еден ден на плажа на Ибица, Шпанија. Дуото мајка-ќерка ги искомбинираа своите бикини за таа пригода – Лила носеше бел принт топ со долни бикини и црни апостолки, додека нејзината мајка носеше црн топ бикини со тексас шорцеви, објави Page Six.
Без шминка, во опуштен изглед и со пуштена коса, моделите изгледаа расположени, а подоцна им се придружи и семејниот пријател, познатиот моден фотограф Мерт Алас.
Bikini-clad Kate Moss, 51, shares a laugh with look-alike daughter Lila, 22, on Ibiza getaway https://t.co/2Iq7rtnSoL pic.twitter.com/7hE36BlMUX
— Page Six (@PageSix) July 10, 2025
Пред овој одмор на плажа, Лила неодамна привлече внимание на Неделата на модата во Париз, каде што носеше целосно проѕирен топ. Тоа беше смела комбинација на машката модна ревија на Сен Лоран за пролет/лето 2026 година, а впечатливиот топ го искомбинираше со здолниште со висок струк и набрани рабови.