📷Познат фудбалер продава автомобил за 16 милиони евра, во светот има само четири примероци

од Vladimir Zorba
352 прегледи

Михаел Балак (47), поранешен германски репрезентативец, наскоро ќе го продаде своето многу ретко Ferrari за ни помалку ни повеќе туку 16,5 милиони евра. Играчот од средниот ред го купи автомобилот пред 16 години, додека играше за Челси, кога беше добар пријател со легендата на Формула 1, Михаел Шумахер.

Станува збор за 250 GT SWB California Spider кој освен Балак го поседуваат уште само четири лица во светот.

Станува збор за автомобил со максимална брзина од 233 километри на час, на кој му се потребни 7,2 секунди за да достигне 100 km/h.

„Исклучително е тешко да се наиде на автомобил кој е интересен за колекционерите како овој California Spider“, изјави портпаролот на аукциската куќа RM Sotheby’s.

„Икона меѓу иконите која има уникатно место во историјата на Ferrari, бидејќи е првиот 250 GT SWB California Spider што некогаш бил изграден. Беше дури и на Саемот за автомобили во Женева во 1960 година“.

Балак беше близок пријател со Михаел Шумахер, а благодарение на оваа врска со легендата на Ф1 растеше неговата страст за мотоспортот и брендот Ferrari. Не само за современи модели, туку и меѓу класичните Ferrari.

Автомобилот на Балак се очекува да достигне цена од 16,5 милиони евра на аукција во август во Калифорнија, што е повеќе од вкупниот трансфер во кариерата на Балак.

Слични содржини