📷Северна Кореја има нов електричен автомобил! Или можеби нема?!

од Vladimir Zorba
42 прегледи

Малку се знае за Северна Кореја, освен фактот дека во редовни интервали режимот се фали со лансирање на некоја нова ракета и дека војската на земјата ќе учествува во војната на Русија во Украина, во која веќе загинаа стотици илјади луѓе. Уште помалку се знае за автомобилите, а голема непозната е и автомобилската индустрија. Во основа, се смета дека работи со кинески делови што се склопуваат некаде во Кореја. Некои автомобили се увезуваат и од „омразениот“ Запад.

Сега, меѓутоа, Северна Кореја најави дека ќе произведе модерно електрично возило. Како е тоа можно? Државната пропаганда може се да прикаже како победа на сопствената „интелигенција“ и индустрија. Земјата никогаш не развила сериозен автомобил, а погледнете го ова…

Madusan EV е елегантен седан со четири врати што посетителите, наводно, можат да го погледнат во Изложбениот центар за електрични возила Мадусан на улицата Хвасонг во Пјонгјанг. Брз е, удобен и може да се пофали со домет од 720 километри.

Но, не требаше многу време за да се препознаат контурите на друго возило зад заматеното лого и обликот на возилото прикажани во официјалното видео на производителот/земјата. Имено, Madusan EV е всушност кинески BYD Han, кој во најдобар случај не може да надмине 720 km туку околу 540 km.

Понатамошните истражувања открија дека Економската федерација Мадусан, севернокорејска надворешна трговска организација, е основана во 2018 година. Таа е вклучена во управување со енергија и ресурси, производство на паметни телефони и други слични активности, според The ​​Korea Herald.

Па така, автомобилите се увезени од Кина.

Слични содржини