📸🎥 Некогашниот секс симбол Кетрин Бах (71) снимена по долго време во ЛА, во 80-тите ги осигурала нозете за милион долари

од Vladimir Zorba
21 прегледи

Еден од најголемите секс симболи на 80-тите и ѕвезда на култна телевизиска серија беше снимена како шета низ Лос Анџелес по долго време.

Кетрин Бах, сега 71-годишна, стана позната по својата улога како заводливата Дејзи Дјук во популарната серија „The Dukes of Hazzard“, каде што нејзините кратки тексас шорцеви станаа моден и културен феномен.

Во времето на нејзината најголема слава, нејзините нозе беа осигурени за милион долари.

Бах е родена во државата Охајо, а нејзиниот пробив во светот на глумата беше толку импресивен што продуцентите на Dukes ја ангажираа веднаш по аудицијата – иако првично бараа жена слична на Доли Партон.

Нејзиниот постер како Дејзи се продаде во дури пет милиони примероци, а таа го зацврсти и својот статус на секс икона со претходно споменатата одлука да ги осигура нозете за седумцифрена сума.

По завршувањето на серијата, Бах ја продолжи својата актерска кариера во голем број поголеми и помали проекти. Меѓу позначајните улоги е серијата African Skies, во која глумеше заедно со легендарниот Роберт Мичам, а која се емитуваше на почетокот на 1990-тите на The Family Channel.

Можеби е позната на македонската публика и по улогата во сапуницата „The Young and the Restless“.

Слични содржини