297
Доја Кат ги сврте погледите на Греми наградите во Лос Анџелес.
28-годишната пејачка облече нежно розев фустан, кој го истакна нејзиното деколте и ги покажа нејзините брадавици. Креацијата ја изработи дизајнерката Дилара Финдикоглу, чие име на челото го напиша Доја Кат, пренесе Стандард лајф.
Модната комбинација ја заокружи со црни очила и сребрен накит, а ја виткаше косата.
На овогодишното доделување Доја Кат беше номинирана за најдобра поп соло изведба, најдобра мелодична рап изведба и најдобра рап песна. Таа се појави на Греми за прв пат во 2021 година.