📸 Канје Вест се појави на Супер Боул со сопругата, таму беше и Ким Кардашијан

од Stefanija Kuzmanovska
492 прегледи

Канје Вест на Супер Боул се појави со сопругата Бјанка Ценсори, а тука беа и неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан и Тејлор Свифт со која исто така не е во добри односи.

Раперот (46) и неговата сопруга носеа екстравагантни комбинации. Канје носеше маска дизајнирана од Александар Меквин, црна кожна јакна и сјајни кожени панталони, додека Бјанка носеше јакна и сјајна качулка.

Бракот на раперот со Ким Кардашијан официјално заврши во 2021 година.

Канје, исто така, претходно беше вклучен во конфликт со Тејлор Свифт, кога таа се навреди поради стих во неговата песна Famous од 2016 година, кога му објави војна.

Да потсетиме, спотот за песната Famous ја прикажува гола „Тејлор“ како лежи до него во кревет, заедно со цела низа други познати личности и со голата Ким од другата страна. Во оваа песна има стихови кои дополнително ја разбеснија Тејлор: „Се чувствувам како да би можел сè уште да имам секс со Тејлор. Зошто? Ја направив таа кучка позната“, гласеше текстот.

Канје го бранеше стихот, тврдејќи дека претходно разговарал со Тејлор за спорните стихови, што таа го негираше, пренесува Daily Mail.

Слични содржини