📸 Ким стана амбасадорка на Баленсијага: „Таа ја интересираат само парите“

од Radmila Tasevska
300 прегледи

Ким Кардашијан е на удар на критики откако откри дека станала амбасадор на Баленсијага една година откако брендот ги згрози луѓето со шокантна кампања во која има деца, пренесе Стандард лајф.

Реалити ѕвездата (43) се пофали со новото партнерство во понеделникот, пишувајќи дека нејзиниот однос со брендот е „изграден на посветеноста да го прави она што е правилно“. Таа претходно одби да ја прекине соработката со модната куќа, но изјави дека е „потресена“ од фотографиите кои ја згрозиле јавноста.

Нејзината одлука ги разочара фановите.

Луѓето коментираат: Сè за парите „Од сите брендови таа мораше да го избере оној со обвинувања за злоупотреба на деца“, „Сè што и е грижа се парите“, „Колку лицемерно“, „Сè за пари“, „Таа не знае што е морал“, Срамно“, „Да не научи ништо?“, „И по скандалот?“, „Навистина Ким?“, „Хорор“, се само дел од коментарите.

Да потсетиме, во ноември 2022 година, кампањата на Баленсијага ги прикажа децата во сосема несоодветен контекст. На една фотографија имаше деца кои носеа кеси со плишани мечиња врзани со ремени во садо-мазо стил.

Друга покажа документи на американскиот Врховен суд поврзани со случајот со детска порнографија. Откако споменатите фотографии предизвикаа револт, осуда и остри реакции поради сексуализацијата на децата, од модната куќа стигна извинување, но и повлекување на контроверзната кампања.

 

Слични содржини