📸 ПРВИТЕ ФОТОГРАФИИ од погребот на Метју Пери, присуствуваа неговите колеги од „Пријатели“

од Stefanija Kuzmanovska
638 прегледи

Актерот Метју Пери, кој почина во саботата, беше погребан денеска во Лос Анџелес. На последното збогување пристигнаа неговите колеги од серијата „Пријатели“, кои го испратија со емотивна песна. „Don’t Give Up“ на Питер Габриел и Кејт Буш ги расплакала семејството, колегите и пријателите на актерот.

Инаку, оваа песна е неофицијална химна на оние кои се борат со некаква зависност.

„Нема веќе борба, или барем така изгледа, јас сум човек чии соништа се напуштени, го сменив лицето, го сменив името, но никој не те сака кога ќе изгубиш“, е еден од стиховите од таа песна.

Актерот отворено зборуваше за својата зависност од дрога и алкохол, со кои се бореше и за време на снимањето на серијата „Пријатели“.

Да потсетиме, Метју на 28 октомври беше пронајден мртов во своето џакузи. Имаше 54 години. Неколку дена по неговата смрт беа објавени резултатите од првиот токсиколошки извештај, кој покажа дека актерот не конзумирал фентанил или метамфетамин.

Слични содржини