📸 Северина со нова објава се огласи од Тајланд: „Морам на депилација“

од Stefanija Kuzmanovska
360 прегледи

Пејачката Северина Вучковиќ ги шокираше своите следбеници со слики од Тајланд каде што се наоѓа моментално. Таа објави серија фотографии во црн костим за капење, а сега објави и нови слики.

Имено, пејачката одлично се забавува на Тајланд во друштво на ПР менаџерот Давор Гргин, а по неверојатната објава од базен, Севе изненади со нови кадри на својата Инстаграм приказна каде одбрала „филтер“ во апликацијата кој креира мустаќи на лицето пред камерата.

Таа се пошегува дека „се разбудила со нешто на лицето и ѝ била потребна депилација“.

Северина престојува во хотел со базен и прекрасен поглед, ужива во топлите денови и сончевите зраци, а често ги почестува своите следбеници со фотографии од плажа.

Слични содржини