📸 Жизел Бундхен во врска со инструкторот за џиу-џицу: Манекенката повторно ужива во љубовта по разводот со Том Брејди

од Radmila Tasevska
356 прегледи

Манекенката Жизел Бундхен и официјално е во нова врска по разводот со Том Брејди.

Модната ѕвезда ја освои долгогодишен пријател со кој често се гледаше во јавноста по раскинувањето со американскиот спортист и НФЛ ѕвезда, пренесе Стандард лајф.

Станува збор за Јоаким Валенти, мајстор на боречката вештина џиу-џицу.

Нивната врска беше откриена пред околу една година, кога беше објавено дека Жизел се разведува од Брејди. Сепак, овие наводи тогаш не беа потврдени.

Тие двајца сега се фотографирани на заеднички одмор, а нема сомнеж дека по долго пријателство ја подигнаа врската на повисоко ниво.

Слични содржини