Во Јапонија, Audi понуди специјален R8 Coupe Japan Final Edition, како проштална серија со ограничено производство од само осум примероци.
Како што се наведува, станува збор за модел кој „ја заклучува историјата на Audi R8“, а на него се употребени три бои.

Надворешноста е обоена во Ibis White Matte нијанса, комбинирана со аеро компоненти од карбонски влакна и црни амблеми на Audi. 20-инчните алуминиумски тркала со пет краци се обработени во „златна“ мат бронза, во контраст со сјајните црвени клешти на сопирачките.

Внатрешноста е црна со алабастер бели акценти и соодветни дијамантски шевови. Седиштата се обложени со фина Nappa кожа, а има и површини обложени со Alcantara. Праговите се поединечно нумерирани за секоја од 8-те примероци, веднаш до зборовите „Japan Final Edition“.

Моторот е 5,2-литарски V10 со 456 kW/620 КС и вртежен момент од 580 Nm, а силата се пренесува на сите четири тркала преку седумстепен S-tronic менувач.
Audi R8 Coupe Japan Final Edition се нуди по цена од 35.080.000 јени (223.865 евра).