📸Geely го покажа суперавтомобилот Jiyue Robo X

од Vladimir Zorba
9 прегледи

Електричниот суперавтомобил на брендот Jiyue, кој е под контрола на холдингот Geely, е една од најзначајните премиери на овогодинешниот автосалон во Гуангжу, Кина.

Jiyue Robo X засега е концепт автомобил, но неговата сериска верзија ќе пристигне во 2027 година.

Во рамките на групацијата Geely, брендот Jiyue е позициониран како најнапреден во однос на технологијата за автономно возење, а на него соработуваат Geely и ИТ гигантот Baidu.

Jiyue Robo X е долг 4650 mm, широк 2000 mm, висок 1195 mm, меѓуоскино растојание е 2700 mm, додека максималната тежина е 1850 kg.

Автомобилот се одликува со монокок од јаглеродни влакна, „галеб“ врати, четири електрични мотори (по еден за секое тркало) и систем за автопилот на ниво 4.

Како што е најавено, забрзувањето од 0 до 100 km/h е само 1,9 секунди, додека досегот со едно полнење е околу 650 km (според циклусот CLTC).

Производството на серискиот модел ќе биде ограничено на само 88 примероци. Цената се уште не е објавена, но автомобилот веќе може да се резервира со уплата на депозит од 49.999 јуани (околу 6.550 евра).

Слични содржини