📸Lada Niva Sport Turbo

од Vladimir Zorba
21 прегледи

Lada Turbo го претстави новиот тркачки автомобил Niva Sport Turbo за учество на меѓународниот рели маратон „Патот на свилата“, кој ќе се одржи од 12 до 22 јули.

Niva Sport Turbo е значително различна од сериската Lada Niva Sport, која се продава во Русија од пролетта оваа година. Поточно, автомобилот е повисок, има пошироки лакови и тркала со теренски гуми Yokohama Geolandar.

Niva Sport Turbo е опремена со 1,6-литарски турбо мотор со 280 КС и 340 Nm, развиен врз основа на погонската единица на тркачката Lade Vestа. Менувачот е секвенцијален шестстепен со заклучен централен диференцијал.

Исто така, има подолго меѓуоскино растојание (сега 2550 mm), проширена трага на тркалата (1680 mm), зголемен клиренс (350 mm), како и подобрен систем за сопирање (дискови од 302 mm).

Покрај тоа, автомобилот е опремен со засилен резервоар за гориво, тркачки ентериер со спортски седишта, безбедносен кафез и систем за навигација.

Слични содржини