📸Спектакуларно издание на Џеј Ло – Бен Афек не можеше да го тргне погледот од сопругата

од Vladimir Zorba
814 прегледи

Џенифер Лопез создаде гламурозен момент кога се појави како придружничка на сопругот Бен Афлек на турнир во покер и блек џек во Лас Вегас. Турнирот беше организиран како дел од Иницијативата Источно Конго. Основана во 2010 година од Афлек заедно со Витни Вилијамс, организацијата за застапување и финансирање е фокусирана на работа со и за луѓето од источно Конго.

Познатата латино актерка и пејачка на црвениот тепих ги привлече сите погледи со спектакуларно издание. Џеј Ло, инаку позната како љубител на ласкави модни парчиња, овој пат избра тесен црн фустан од Дејвид Кома, кој имаше проѕирен исечок напред. Фустанот се истакна и со детали од сребрени камчиња поставени на горниот дел од фустанот како и на пократкиот раб давајќи му на стајлингот блескав сјај.

Заводливата модна комбинација ја заокружи со црни сандали со вртоглаво високи потпетици со „дебела“ платформа, модел од кој не се откажа ниту кога целосно исчезнаа од модната сцена. Имаше и висечки сребрени обетки кои блескаа под силните рефлектори и мала, исто така блескава клач чанта.

Џенифер позираше заедно со сопругот Бен Афлек кој не го тргаше погледот од убавата сопруга која со своето ослободување уште еднаш го собори од нозе.

Слични содржини