📹BMW X5 му отсекол дел од палецот, добил отштета од 1,9 милиони долари

од Vladimir Zorba
27 прегледи

Сопственик на BMW X5 го тужел германскиот производител по несреќа во која остана без дел од прстот. Процесот траеше цели осум години, а и покрај тоа што немаше дефект на вратата, BMW ќе треба да плати дури 1,9 милиони долари отштета на повредениот сопственик.

Гудвин Боатенг, самовработен софтверски инженер, тврди дека неисправната врата со меко затворање на неговиот теренец станала опасна со отсекување на врвот на палецот. Имено, тој во јули 2016 година ја потпрел десната рака на столбот на возачката врата со отворена врата околу триесетина сантиметри. Вратата потоа се затворила на неговиот палец, стискајќи го прстот толку силно што хирурзите не можеле повторно да го закачат отсеченото ткиво.

Боатенг го тужеше BMW за 3 милиони долари, тврдејќи дека ќе изгуби 250.000 долари годишно како самовработен софтверски инженер.

Експертите на BMW го прегледаа X5 на Боатенг и не открија никаква грешка во работата на системот за меко затворање. Исто така, нагласија дека во упатството има истакнато предупредување и утврдија дека „тужителот уште од детството знаел да не става прст или дел од телото меѓу вратата и рамката додека се затвораат“.

На Боатенг му беше доделена отштета од 1,9 милиони долари. Иако беше откриено дека BMW не е виновен за неисправната врата, поротата сепак утврди дека е 100% виновен за повредата на палецот на Боатенг.

Не е јасно дали BMW планира да поднесе жалба на пресудата.

Слични содржини