📹Големото враќање на Памела Андерсон: Пристигна трејлерот за филмот кој може да и го донесе првиот Оскар

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Објавен е првиот тизер трејлер за филмот „The Last Showgirl“ со Памела Андерсон во главната улога. Ова е и нејзино големо враќање на големото платно и веќе се шират гласни гласини дека оваа изведба би можела да и го донесе првиот Оскар.

Во овој филм, Памела Андерсон го толкува ликот на Шели, „шоу-девојка“ од Лас Вегас, чија кариера полека завршува.

Филмот можеби немаше да привлече толкаво внимание доколку главната улога не и беше доделена на Памела, која некогаш беше позната „само“ по улогата на фаталната русокоса во познатата серија „Чувари на плажата“. Децении подоцна, актерката одлучи да го преземе наративот за себе и да покаже дека е многу повеќе од „калапот“ во кој ја фрли улогата.

Последните години таа го привлекува вниманието поради тоа што одбива да се шминка на официјални настани, често изјавувајќи дека и е „уморна“ да го става својот физички изглед на прво место.

Ѕвездата од „The Last Showgirl“ неодамна на филмскиот фестивал во Торонто изјави за „Дедлајн“ дека филмот за неа е „среќна случајност“, бидејќи нејзиниот поранешен агент ја одбил понудата во рок од еден час и не и го покажал ниту сценариото.

Како што открила, никој не верувал дека е способна за толку сложена улога.

„И јас се потценив себеси“, изјави таа подоцна за Variety.

Овој филм би можел повторно да и ги отвори вратите на Холивуд и да ја покаже целосната широчина на нејзиниот талент.

„The Last Showgirl“ го режираше Џиа Копола, внуката на Френсис Форд Копола.

Слични содржини