📹Кинезите изградија 157 километри автопат, речиси без помош од луѓе

од Vladimir Zorba
173 прегледи

Кина заврши автопат со четири ленти долг 157,79 километри без речиси никаква човечка интервенција. Овој експресен пат е дел од проширувањето на автопатот Пекинг-Хонг Конг-Макао, кој го поврзува Пекинг со Хебеј.

Проектот беше завршен во октомври, а 10 автономни возила (без возачи) беа употребени за асфалтирање и нивелирање на коловозот широк 19,25 метри. Ниту надзорот беше оставен на луѓето на терен. Беспилотните летала беа тие кои го прегледаа развојот на работите за да се уверат дека се исполнети сите утврдени параметри, пишува магазинот ХАК.

Овој пристап не само што ја подобри точноста и квалитетот на конструкцијата, велат Кинезите, туку и значително го намали времето на работна сила и придружните трошоци. Негативниот аспект на целиот процес е тоа што луѓето очигледно имаат една работа (или дел) помалку да работат.

Слични содржини