📹Мразите агресивни возачи кои ви се „лепат“ за багажник? Избркајте ги со феноменален трик

од Vladimir Zorba
65 прегледи

Дури и во автошкола секој возач мора да научи дека е должен да остави одреден простор зад возилото пред себе. Но, и покрај оваа обврска, има многу кои не ја почитуваат безбедносната дистанца.

Како да се ослободите од таквите возачи кои ви се „лепат“ отпозади и кои изгледаат како да сакаат да ви влезат во багажникот?

Раул Рос, инструктор во шпанска автошкола, откри метод на неговиот канал TikTok за справување со возачите кои возат премногу блиску.

„Со вас споделувам еден трик кој секогаш го користам и кој одлично функционира“, вели Рос.

На видеото можете да видите како автомобилот зад нив многу се приближил, а инструкторот на автошкола го прашува својот млад ученик што би направил во таа ситуација.

Ученикот одговара: „Тоа со водата“!

И во тој момент инструкторот прска со вода на шофершајбната и ги вклучува бришачите.

„Што треба да направите? Вклучете ги бришачите! Да видиме дали ќе успее…“, вели инструкторот.

Водата од неговиот автомобил го заплиснала возилото зад него и на овој начин е постигната целта: возачот зад нив веднаш се оддалечил …

На крајот, инструкторот додаде: „Видовте, успеавме“!

Иако законот не одредува конкретно безбедносно растојание од автомобилот напред, постои начин да се пресмета. ElMotor пишува дека возачот мора да земе фиксна точка на патот како референца, а кога ќе помине возилото пред него, мора да брои минимум две секунди.

Тоа треба да биде доволно простор.

@rosautoescuelista #aprenderaconducir #conducir #permisob #distanciadeseguridad #follow #fyp #parati #viral #trending ♬ sonido original – Raul Ros el autoescuelista

Слични содржини