📹Рацете на Том Хенкс се тресат: Фановите загрижени, се сомневаат на тешка болест

од Vladimir Zorba
116 прегледи

Појавувањето на Том Хенкс на Saturday Night Live овој викенд предизвика нова загриженост за неговото здравје. 68-годишниот актер се појави во шоуто на водителот Мартин Шорт, заедно со мноштво гости-ѕвезди меѓу кои Скарлет Јохансон, Пол Руд и Џон Мулејни.

За време на повторливиот сегмент на Five-Timers Club, во кој беше претставена ѕвездата на Only Murders In The Building, обожавателите го забележаа тресењето на рацете на култниот Форест Гамп.

Еден фан коментираше под промотивна објава на официјалниот Инстаграм профил на SNL: „Дали на Том Хенкс му се тресат рацете?

Корисничката по име Лара се придружи на коментарите, додавајќи: „И јас го забележав тоа!!! И сега сум загрижена“.

DailyMail.com побара коментар до претставникот на Хенкс.

Друг загрижен обожавател спомна дека тој „беше во шоуто на Греам Нортон пред некое време и го забележал тоа и таму…“

Едно лице резонирало: „Имајќи предвид дека има речиси 70 години! Да, рацете на постарите луѓе малку се тресат“.

Ова не е прв пат фановите да изразуваат загриженост за растреперените раце на холивудската ѕвезда.

Во јуни 2022 година, треперењето на рацете на познатиот актер поттикна еден лекар да му каже на DailyMail.com дека тоа може да биде ран знак за Паркинсонова болест.

Слични содржини