📹Валтери Ботас и Alfa Romeo 33 Stradale

од Vladimir Zorba
74 прегледи

Запознајте го финскиот возач Валтери Ботас, еден од 33-те страсни сопственици на новиот Alfa Romeo 33 Stradale.

Валтери не е само сопственик, туку вистински соработник посветен на давање повратни информации за инженерите и дизајнерите на Alfa Romeo, за да се постигне совршената формула за уживање во возењето.

33 Stradale беше премиерно прикажан во август минатата година и беше планиран за само 33 среќни сопственици.

Компанијата ја искористи патеката „Нардо“ за да ја потврди максималната брзина на автомобилот од 333 km/h и времето од 0-100 km/h за помалку од три секунди. Ова се импресивни бројки овозможени од 3.0-литарскиот твин-турбо V6 мотор кој развива повеќе од 462 kW/629 КС. Тој е поврзан со осумстепен менувач со двојна спојка, кој ја испраќа силата на задните тркала преку електронски диференцијал со ограничено лизгање.

Од Alfa Romeo истакнуваат дека тестовите „ја потврдуваат леснотијата со која возачот влегува во симбиоза со автомобилот, уживајќи во неговата моќ, агилност и непогрешлив звук на Alfa Romeo“.

Слични содржини