Porsche беше поразен на домашен терен, на легендарната патека на која „растураат“ – „Зелениот пекол“. Кинескиот електричен автомобил Xiaomi SU7 Ultra е новиот рекордер за електрични автомобили со четири врати на Nordschleife. Претходно оваа година, Porsche Taycan Turbo GT го врати рекордот на „Нирбургринг“ за најбрз автомобил со четири врати. Сега Xiaomi објави дека го соборил рекордот со прототипот на новиот електричен автомобил SU7 Ultra. Xiaomi успеа да постигне спектакуларно време на круг од 6:46.874 минути, што може да се спореди со претходниот рекорд на Porsche од 7:07 минути, кој пак го собори претходниот рекорд на Tesla Model S Pladе.
Новиот Xiaomi Ultra има 1548 КС и забрзува од 0-100 km/h за 1,97 секунди. Максималната брзина е 350 km/h. Ова е прв обид на прототипот на „Нирбургринг“. Затоа, ова е чудо, но и нов почеток, според Xiaomi.
Рекордот наводно го поставил британскиот возач Дејвид Питард, кој победи на трката 24 часа Нирбургринг минатата година. Сериската верзија на Xiaomi SU7 Ultra ќе биде официјално претставена во првата половина на 2025 година.
На прв поглед се чини дека прототипот сепак ќе биде далеку од сериски автомобил, со агресивни предни и задни крила, спуштена каросерија, намалена маса… Инаку, Nevera на Rimac истата патека ја мина за 7:05.298 мин. Како и да е, ова ја покажува способноста на Кинезите да направат брз електричен автомобил за патеката.