231
Песната „What Was I Made For?“ во изведба на Били Ајлиш, која беше снимена за филмот „Барби“, беше прогласена за песна на годината на синоќешното доделување на Греми наградите.
Пејачката е автор на оваа песна, а ја напишала со нејзиниот брат Финес О’Конел.
Во оваа категорија беа номинирани и Тејлор Свифт, Лана дел Реј, Џон Батист, Мајли Сајрус, СЗА и Оливија Родриго.
При примањето на наградата Били и се заблагодари на режисерката на филмот „Барби“ Грета Гервиг „за создавањето на најдобриот филм на годината“.
Потсетуваме, песната „Im Just Ken“ во изведба на Рајан Гослинг, исто така од филмот „Barbie“, беше номинирана за Оскар за најдобра песна.