Американскиот рапер Лил Нас Икс, чие вистинско име е Монтеро Ламар Хил, беше уапсен и накратко хоспитализиран по конфронтација со полицијата во Лос Анџелес. Видео од него како шета по улица во долна облека кружи на социјалните мрежи.
Портпаролот на полицијата, Чарлс Милерс, изјави дека полицајците го пронашле 26-годишниот рапер додека шетал по булеварот Вентура во населбата Студио Сити рано вчера наутро.
TMZ објави видео на кое тој, гол, вели дека одел на забава. Откако полицајците му се приближиле, тој наводно физички ги нападнал, поради што бил уапсен.
@tmz 🚨BREAKING: #LilNasX ♬ original sound – TMZ
Полицајците прво го однеле раперот во болница бидејќи се сомневале на предозирање. Немало дополнителни информации за неговата здравствена состојба, но тој бил пуштен од болница и приведен по само неколку часа. Тој бил обвинет за попречување на полицаец.
Голем број корисници на социјалните мрежи тврдат дека ова видео е објавено за промоција на неговиот претстоен албум „Dreamboy“. Американските медиуми го контактирале неговиот менаџер, но тој не одговорил на повиците.
Лил Нас Икс се здоби со слава откако неговата песна „Old Town Road“ од 2018 година стана хит. Тој е добитник на две Греми награди.