📽 Авион на американските маринци ја промашил пистата и завршил во залив полн со ајкули

од Stefanija Kuzmanovska
236 прегледи

Авион на американските маринци кој леташе по бурно време ја промашил пистата во воената база на Хаваи и влетал во заливот Канеохе.

За среќа, сите девет членови на екипажот се неповредени, соопштија денеска властите.

Крајбрежната стража одговори на повикот за помош, но спасувачките операции набрзо беа прекинати синоќа, бидејќи се чини дека сите инволвирани се спасени, изјави портпаролот на крајбрежната стража Рајан Фише, пренесе АП.

Портпаролот на Маринскиот корпус, наредникот Орландо Перез изјави дека нема информации зошто P-8A Poseidon, авион за извидување и надзор, ја промашил пистата.

На видеото на сведокот се гледа авионот во морето во близина на брегот.

Противпожарната служба во Хонолулу добила повик за авионската несреќа нешто по 14 часот по локално време.

Времето беше облачно и врнежливо, а видливоста беше околу еден километар, изјавил метеорологот Томас Вон од Националната метеоролошка служба во Хонолулу.

Базата на маринците на Хаваи е на околу 16 километри од Хонолулу на островот Оаху.

Во базата има околу 9.300 воени лица и 5.100 членови на семејствата.

Тоа е една од клучните воени инсталации на островот Оаху.

Базата излегува на заливот Канеохе, богат со корални гребени и дом на бројни видови ајкули.

Слични содржини