📽 Џенифер Анистон се огласи со емотивна објава по повод својот 55-ти роденден

од Stefanija Kuzmanovska
216 прегледи

Познатата актерка Џенифер Анистон денеска полни 55 години.

Родена е на 11 февруари 1969 година во Шерман Оукс, Калифорнија, а нејзината прва забележителна улога била во филмот „Леприкоун“ во 1993 година.

Сепак, улогата на Рејчел Грин во серијата „Пријатели“ ѝ донесе светска слава, а подоцна оствари бројни забележителни улоги во филмови и серии.

Нејзиниот приватен живот привлече големо внимание, особено љубовните врски. Нејзината прва врска позната на јавноста беше онаа со музичарот Адам Дуриц, а подоцна беше во врска со актерот Пол Руд, како и со Тејт Донован. Таа и Тејт исто така беа верени, но се разделија.

Најмногу внимание секако привлече нејзината врска, а потоа и бракот со колегата Бред Пит. Двајцата се венчаа на 29 јули 2000 година на раскошна венчавка во Малибу, а официјално се разведоа пет години подоцна. Главна причина за нивниот развод беше аферата на Пит со неговата колешка Анџелина Џоли, која ја запознал на снимањето на филмот „Господин и г-ѓа Смит“.

По разводот, Џенифер беше вљубена во Винс Вон, Пол Шулфор, Џон Мајер, Бредли Купер, Џон Судеикис и Џестин Теру со кој се омажи. Сепак, тие се разведоа по две години.

По повод својот 55-ти роденден, Анистон се огласи на Инстаграм со серија фотографии и видеа, а една од фотографиите е од серијата „Пријатели“ во која Рејчел Грин слави роденден. Таа ја објави песната Layers од Стенли Куниц, со коментарот „благодарна“.

Слични содржини