📽 Ентони Хопкинс слави 48 години трезвеност и има важна порака за сите

од Stefanija Kuzmanovska
414 прегледи

Познатиот актер Ентони Хопкинс се огласи на Инстаграм и испрати важна порака до сите свои обожаватели.

Имено, тој ги честиташе празниците, но откри и дека има уште една причина за славење – 48 години трезвеност.

„Среќна Нова година на сите“, рече тој на почетокот на видеото.

„Сите добро забавувајте се, а ако сте мамурни – сетете се на мене. Последен пат имав мамурлак пред 48 години, но тогаш престанав да пијам. Побарав помош и мојот живот се промени“, продолжи Хопкинс.

„Не ви завидувам што се забавувате. Но, ако ви треба помош – има време. Животот е составен од делови. Само напред“, додаде актерот, обраќајќи им се пред се на оние кои водат битка со алкохолот.

Слични содржини