📽 Костим на „романтична мечка“ помогна во апсењето на трговци со дрога во Перу

од Stefanija Kuzmanovska
252 прегледи

Перуанската полициска бригада, чиј член бил маскиран во мечка и симулирал романтична посета во пресрет на Денот на вљубените, успеа на тој начин да уапси две членки на банда трговци на дрога во Лима.

Полицијата откри дека две жени продавале кокаин и марихуана од своите домови во населба Лима.

Во акцијата за апсење се вклучил и полицаец, маскиран во плишано мече за оваа пригода, соопшти полицијата.

Полицаец, облечен како мечка, со црвен балон и натпис „Ти си мојата причина за насмевка“, клекнал пред куќата на осомничените.

Потоа чекал една од двете жени да излезе од куќата, по што била уапсена со поддршка на други полицајци. Потоа влегле во куќата и ја привеле втората жена.

„Тоа беше можност за нив да го прослават Денот на вљубените“, изјави полицаецот облечен во костимот за „Франс прес“.

Полицијата во Перу веќе извесно време апси криминалци со помош на маски и во акции започнати на одредени посебни датуми.

Во куќата на споменатите жени биле пронајдени и одземени неколку стотини пакувања со дрога.

Слични содржини