📽 Новинар отворено го коментираше изгледот на Адам Драјвер, еве што му одговори актерот

од Stefanija Kuzmanovska
344 прегледи

За време на неодамнешното интервју со водителот на Си-Ен-Ен, Крис Валас, актерот Адам Драјвер беше прашан за неговиот изглед.

Имено, водителот забележал дека Адам „не изгледа како типична филмска ѕвезда“ и го прашал дали тоа му помогнало или ја попречило неговата кариера во Холивуд. Актерот изгледал изненаден од прашањето, но одговорил:

„Изгледам како што изгледам. Не можам да го променам тоа, па тоа ми помогна“.

„Њујоркер исто така ме нарече актер со коњско лице. Се сеќавам дека прочитав еден рецензент кој рече: ‘Неговиот агент веројатно не знае дали да го стави во филм или во дербито на Кентаки’. Значи, ако верувате во добрата работа, мора да верувате и во лошата. Се трудам ништо од тоа да не апсорбирам“, додаде тој.

Обожавателите на актерот набрзо се огласија на социјалните мрежи за да го критикуваат Валас, кој го напушти „Фокс њуз“ по 18 години во декември 2021 година.

„Овој тип што го интервјуира Адам Драјвер е некаков вид на ѓубре?“ беше само еден од коментарите.

„Крис Валас има храброст да каже нешто за изгледот на Адам Драјвер“; „Момците како Крис Валас изгледаат како желки и ги гледаат жешките луѓе како Адам Драјвер и им велат ‘зошто не личиш на Роберт Редфорд’ и тоа навистина покажува колку се глупави“, навеве други.

„Крис Валас има храброст да каже нешто за изгледот на Адам Драјвер, и се додека тој изгледа како што изгледа, тоа е лудост“, рекол друг обожавател, придружувајќи го коментарот со фотографија од Валас.

Слични содржини