📽 Поранешната љубовница на Бекам бесна: „Излегува дека тој е жртва, а јас лажам“

од Stefanija Kuzmanovska

Од премиерата на документарниот филм „Бекам“ на Нетфликс и приказната за аферата која повторно ги окупираше насловите на светските медиуми, фановите на Дејвид и Викторија Бекам го свртеа вниманието кон наводната поранешна љубовница на англискиот фудбалер, Ребека Лус (46).

Ребека Лус од премиерата на документарната серија во четири епизоди „Бекам“ е нападната од сите страни. Британските медиуми се занимаваат со нејзиниот живот по наводната афера во Шпанија со Дејвид Бекам, а нејзините социјални мрежи се преплавени со коментари.

Во неодамнешното интервју за „Дејли мејл“, Ребека изјави дека била во врска со Бекам и дека била негова љубовница.

– Во документарецот Бекам само вели „кутриот јас“. Тој не презеде одговорност, може да каже што сака и јасно ми е дека си го штити угледот, но сега испадна дека тој е жртва, а јас лажам. Сугерира дека Викторија Бекам страдала само поради мене, изјавила Ребека.

За време на гостувањето во утринската програма на телевизијата ITV „GoodMorningBritain“ таа изјави дека не би сакала да зборува за своето минато.

Во документарецот, Бекам не призна никаква вина или нешто несоодветно, но рече дека приказните биле „ужасни“ и дека „секој ден му се гадело од сè“.

Да потсетиме, наводната афера, која тој секогаш ја негираше, наводно се случила во Шпанија додека тој настапувал за Реал Мадрид. Лус во едно интервју во 2004 година тврдеше дека таа и тогашниот играч на Реал Мадрид имале афера зад грбот на неговата сопруга Викторија Бекам. Таа дури отиде дотаму што тврдеше дека често имале секс – но само кога тој го иницирал.

Слични содржини