📽 Робот на Маск излегол од контрола и нападнал инженер: „Му ги зари металните канџи во грб“

од Stefanija Kuzmanovska
420 прегледи

Во фабриката Giga Texas во близина на Остин, Тексас, инженер на Tesla бил нападнат од неисправен робот, откри извештајот за повреда од 2021 година поднесен до државните и федералните регулатори. Двајца сведоци во ужас гледале како нивниот колега бил нападнат од машината дизајнирана да ги држи и да ги движи свежо излеани алуминиумски делови на автомобил.

Во делот од фабриката каде што се склопуваат шасиите на возилата, роботот приклештил човек, кој во тој момент програмирал софтвер за два онеспособени роботи на Tesla – му ги зарил металните канџи во грбот и левата рака, оставајќи трага од крв долж фабриката, пишува „Дејли мејл“.

„Додека крвавиот инженер се обидуваше да се ослободи од стисокот на роботот, друг работник го притисна копчето ‘стоп’ за итни случаи за да го спречи нападот. Откако се ослободил, инженерот паднал во шахта дизајнирана да собира отпад од алуминиум, оставајќи трага од крв зад себе“, изјавиле двајца очевидци.

Иако фабриката на Tesla во Тексас не пријавила други повреди на регулаторите поврзани со роботи во 2021 и 2022 година, инцидентот се случи во години кога имаше предупредувања за зголемена загриженост за ризиците од автоматизираните роботи на работното место.

Во извештајот за повреда, кој Tesla е обврзан со закон да го поднесе до властите ако сака да ги задржи профитабилните даночни олеснувања во Тексас, било наведено дека инженерот не барал отпуст од работа.

Слични содржини