Синоќа се одржа 75-тото доделување на Еми наградите на кое бројни ѕвезди прошетаа на црвениот тепих и ги покажаа своите модни изданија. Сепак, зелениот гоблин привлече најголемо внимание, а многумина се прашуваа кој се крие зад маската.
„Зошто има зелен гоблин на доделувањето на Еми наградите?“, „Кој е ова по ѓаволите?“, се само дел од коментарите под видеата на доделувањето, а фотографиите од зелениот гоблин ги преплавија социјалните мрежи.
This lowkey scared me 😭 #Emmys2024 #Emmys pic.twitter.com/S8r17nbncT
— The Latifah (@TheLatifah) January 15, 2024
Зад маската била дрег кралицата Принцес Попи, која се натпреваруваше во 15-та сезона на шоуто RuPaul’s Drag Race, а подоцна позираше со сите натпреварувачи од шоуто.
Принцес Попи, која не го открива своето име во јавноста, живее во Сан Франциско и беше втора по ред која беше елиминирана од шоуто.