📽„Бело Дугме“ објави видео со Дино Дворник, создадено со помош на вештачка интелигенција

од Vladimir Zorba
30 прегледи

Пред третиот концерт во Загреб, „Бело Дугме“ ги изненади фановите со трогателен дует со легендарниот Дино Дворник, создаден со помош на вештачка интелигенција.

Благодарение на вештачката интелигенција, вокалот на Дворник од 2005 година е оживеан во новата верзија на песната „Na zadnjem sjedištu moga auta“, која веќе ја воодушеви публиката. Режисер на видеото е Филип Филковиќ Филац, а монтажата на Иван Зелиќ.

Видеото содржи комбинација од архивски снимки, анимации и современи снимки на бендот и е создадено во тесна соработка со семејството на Дино, со емотивна порака за трајната врска меѓу генерациите преку музиката.

Третиот концерт како дел од турнејата „Doživjeti stotu!“ ќе се одржи на 24 мај во Арена Загреб. Публиката може да очекува два и пол часа рок спектакл во три чина, повеќе од 30 безвременски хитови и специјални изненадувања – вклучително и трогателен момент со Дино на екранот.

На сцената се враќа златната постава на бендот: Горан Бреговиќ, Ален Исламовиќ, Младен Војичиќ Тифа, Ѓиѓи Јанкелиќ, Зоран Реџиќ и мултиинструменталистот Оги Радивојевиќ.

Слични содржини