Ford го оживеа легендарниот Capri, поточно неговото име бидејќи новиот Capri нема многу допирни точки со популарниот купе автомобил што Ford го произведуваше во три генерации од крајот на 60-тите до средината на 80-тите години на минатиот век. Додека оригиналниот модел беше еден вид европски Mustang, неговиот модерен еквивалент е само уште еден електричен SUV.
Capri е всушност купе-стил верзија на новиот електричен Ford Explorer, кој се заснова на електричните ID модели на Volkswagen. Автомобилот ја користи MEB платформата на Volkswagen Group, така што можете да го замислите Capri како еквивалент на ID.5 на Ford, додека Explorer е преработен ID.4.
Новиот Capri има неколку ретро елементи во дизајнот кои, на пример, потсетуваат на оригиналот, а мора да признаеме дека линијата на овој купе теренец има и нешто како лимузина во себе. Автомобилот е долг 463 cm, широк 187 cm и висок 163 cm, додека меѓуоскиното растојание е 277 cm. Пропорциите се многу слични на оние на VW ID.5.
Основната верзија ќе има погон на задните тркала со еден електромотор со 286 КС. Спринтот до 100 km/h трае 6,4 секунди, а максималната брзина е ограничена на 180 km/h. Батеријата има хемија на литиум-јонски никел-манган-кобалт (Li-NMC) и нето капацитет од 77 kWh, што е доволно за 627 km досег по циклус WLTP. Максималната моќност на полнење е 135 kW.
Како и Explorer, оживеаниот Capri ќе се составува во Келн, Германија. Цената во Германија ќе биде 51.950 евра, односно 2.450 евра повеќе од Explorer.