📽Јутјубер пукал во Ламборџини од хеликоптер, сега му се заканува затворска казна

од Vladimir Zorba
17,5K прегледи

Јутјуберот Алекс Чои на својот канал објави видео на кое од хеликоптер пука во Ламборџини, а сега е уапсен и му се заканува затворска казна.

На видеото се гледа како хеликоптер лета блиску до земјата во округот Сан Бернардино и пука со огномет во луксузен автомобил. Чои оттогаш го отстрани видеото од неговиот канал на YouTube, но клипови од видеото кружат на социјалните мрежи.

Во оригиналното видео, се вели дека Чои притиснал копче за да истрела проектил, а две жени во хеликоптерот пукаат со огномет на Ламборџини кое пребрзо вози. Јутјуберот, со вистинско име Сук Мин Чои, е обвинет за поставување експлозивна направа во хеликоптер.

Доколку биде осуден, му се заканува казна затвор од 10 години, а се уште не се знае дали ќе бидат обвинети и останатите учесници во видеото.

Слични содржини