📽Претставен првиот летечки автомобил

од Vladimir Zorba
109 прегледи

Многу филмови предвидуваа дека во иднина ќе возиме летечки автомобили, а исто така и некои политичари, но досега тоа не се случи. Сепак, американски стартап создаде летечки автомобил.

Alef Aeronautics го претстави своето „летало“ за кое тврдат дека е првиот летечки автомобил во светот. Објавеното видео покажува прототип, наречен Model Zero, како лета над паркиран автомобил во Калифорнија, претставувајќи го првиот вистински тест на концептот.

„Индипендент“ во својата статија потсетува дека повеќето летечки автомобили развиени досега користат дизајн сличен на дронови со лопатки на роторот, но е испробано и решение каде возилото има преклопливи крила.

Спротивно на тоа, неодамна претставениот Model Zero изгледа исто како обично возило, само малку пофутуристички. Лопатките на роторот се исто така дел од автомобилот, но тие се скриени во рамката на возилото, така што не можат да се видат од надворешен набљудувач.

Според стартапот, возилото е 100 отсто електрично. Model Zero може да помине 320 километри на земја и 160 километри во воздух со едно полнење.

Alef Aeronautics исто така најави дека ќе започне со производство на автомобилот оваа година, за што веќе се добиени 3.300 преднарачки.