📽ТикТокер не ја препозна Џенифер Лопез на улица, па ја праша со што се занимава

од Vladimir Zorba
100 прегледи

Социјалната мрежа TikTok е полна со видеа на кои корисниците ги запираат минувачите и ги прашуваат што прават, а едно такво видео сними и ТикТокерот Khan, кој ја запре холивудската ѕвезда Џенифер Лопез на улица.

Имено, на профилот наречен „hikhann_“, видеото со Џенифер Лопез има повеќе од 11 милиони прегледи, а човекот и пришол велејќи дека е воодушевен од нејзината облека.

„Што работиш? ја праша, на што Лопез збунето го погледна и праша: „Што?“.

@hikhann_ What do you do for a living? #foryoupage #whatdoyoudoforaliving #viralvideo #clout #foryourepage #viral #fyp #foryou #tiktok ♬ original sound – Khan

Кога Кан почна да објаснува што прави и зошто прави вакви видеа, Лопез одговори дека е пејачка и забавувач.

Потоа следело прашање што и се допаѓа во нејзината работа, а таа одговорила дека и се допаѓа се што е поврзано со нејзината кариера. Потоа ја замолил за совет како да се справи со недостатокot на самодоверба, на што ѕвездата спремно одговорила.

Интересно е што минувачите збунето гледале, а за време на интервјуто се слушале извици: „Те сакам Џенифер“.

Коментарите беа исполнети со пораки на изненадување дека ТикТокерот не знае која е Џеј Ло, додека други пишуваа дека треба да продолжи да ги прашува познатите кои се тие навистина.

Слични содржини