Герасимовски: Во соработка со МВР расчистена е депонија во објект вселен од бездомници во Буњаковец

од Илинка Илиоска
22 прегледи

Општина Центар и МВР спроведоа акција во напуштна куќа зад ТЦ Буњаковец, која веќе неколку месеци е окупирана од бездомници и претворена во мини депонија информираше градоначалникот Горан Герасимовски.

„По пријава на граѓаните, инспекторите на Општина Центар им наложија на сопствениците да го исчистат објектот кој беше потенцијален извор на зарази, а полицијата ги исели бездомниците. Општината го расчисти и сметот пред објектот. Сопствениците ставија и ограда од лимени табли за да нема нови упади на лица кои можат да бидат закана по безбедноста на жителите кои живеат во соседството“, соопшти Герасимовски.

Слични содржини