Познати деталите за сообраќајката на патот Штип- Кочани: Возилото го управувал 26-годишник

од Илинка Илиоска
43 прегледи

Утрово околу 7:50 часот на патниот правец Штип – Кочани, во близина на селото Тркање, пешак го загуби животот по удар од возило „Опел Астра“, управувано од 26-годишниот К.А. од Кочани.

Жртвата е идентификувана како С.С. (56) од селото Теранци. Тој починала на место на несреќата, а  лекарите веднаш ја потврдиле смртта. Екипа на ОВР Кочани извршила увид на местото на несреќата, додека сообраќајот, кој првично бил пренасочен, е нормализиран на магистралниот пат.

Слични содржини