Ѓоргиев: Клубовите се смислена политика за нарушување на односите

од Destan Jonuzi
170 прегледи

Нејасна политичка ситуација во Бугарија влијае на бугарските членови во Комисија некои работи да одат побавно сè додека не се избистри ситуацијата за тоа кој ќе ја води политичката влада таму, вели Драги Ѓоргиев во интервју за РСЕ, копретседател на македонско-бугарската Комисија за историски и образовни прашања.

– Ние состанокот го одржавме во четврток и петок, минатата недела, два дена пред отворањето на клубот во Благоевград. Постоеја веќе извесни тензии, јавноста беше заинтересирана за тоа, медиумите пишуваа, меѓутоа морам да кажам дека ние воопшто не дискутираме за тоа, ниту дискутиравме на таа средба. Многу пати сме кажале, работиме ние во еден политички контекст, и сите настани во Бугарија или во Македонија кои се поврзани со историјата, со таа меморија на сеќавање, со односите кои допираат со минатото, влијаат на работата на Комисијата, така што таа атмосфера што се создава со отворањето на клубовите, посебно со овие во Македонија, создава една атмосфера која е присутна, меѓутоа сепак не влијае премногу на работата на Комисијата, нагласи Ѓоргиев.

Слични содржини