Професорот и експерт за безбедносни прашања, Марјан Ѓуровски, вечерва во гостување на емисијата „Топ Тема“ на Тв Телма рече дека причината поради која вчера паднаа проектилите во село во Полска, во основа е руската агресија врз Украина.
Според него, добро што се утврди дека станува збор за украински, а не руски проектил, но според мене е особено важна причина што доведе до тој изолиран инцидент.
„Тоа е руската воена агресија и нарушување на територијалниот интегритет и суверенитет на една независна држава и живеењето девет месеци, а веројатно и многу повеќе претходно во еден нестабилен и невралгичен период. Од тука сметам дека во случајот се гледа јасната процедура што се почитуваше во Северноатлантската алијанса и при активирање на членот 5. Има ред, поредок, процедура. Не може еден поединец, како што во моментот го имаме Владимир Путин, да изврши напад на одредена територија, да изврши нарушување, човечки жртви, рушење на критична инфраструктура. Знали едно варварство на територијата на Евопската Унија и, пред се, на европскиот континент“, изјави Ѓуровски.