134
Јапонија го забрани извозот на челик, алуминиум и авиони, вклучително и беспилотни летала, во Русија како дел од најновите санкции против Москва поради нејзината инвазија на Украина, соопшти денеска јапонското министерство за трговија.
Министерството соопшти дека мерката исто така им забранува на јапонските компании да извезуваат широк спектар на индустриски производи во Русија, како што се градежни машини, морски мотори и оптички уреди, пренесува „Ројтерс“.
Најавено е дека мерката ќе стапи на сила на 7 април.