Јапонија најави пакет финансиска помош за Украина од дури 5,5 милијарди долари

од Stefanija Kuzmanovska
121 прегледи

Јапонската влада ќе ја зголеми финансиската поддршка за Украина во вредност од 5,5 милијарди долари пред 24 февруари, првата годишнина од руските напади.

Јапонија, овогодинешниот претседател на Групата 7, им се придружи на западните сили во воведувањето санкции кон Москва од почетокот на војната во Украина на 24 февруари 2022 година.

Премиерот Фумио Кишида во обраќањето на симпозиумот во главниот град Токио рече дека ќе ѝ даде на Украина уште 5,5 милијарди долари финансиска помош.

Како што наведува агенцијата „Кјодо“, планирано е финансиската помош да биде искористена за реконструкција на украинската инфраструктура уништена во војната.

Јапонија веќе обезбеди 600 милиони долари финансиска поддршка за Украина, заедно со итна хуманитарна помош вредна стотици милиони долари, соопшти кабинетот на премиерот.

Слични содржини