Јасно е дека средбата во Тирана не беше само за новогодишен ручек, велат од ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski
181 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ утрово порача дека средбата во Тирана меѓу лидерите на албанските партии од Македонија и премиерот на Албанија, Еди Рама била „со цел спасување на неговата политичка кариера и кариерата на Али Ахмети“.

-Вчера Димитар Ковачевски ја пофали средбата во Тирана, но не и соопшти на јавноста што се доби на маса за спас на владата. Јасно е дека средбата во Тирана не беше само за новогодишен ручек, туку за спас на владината коалиција на СДС и ДУИ, порачаа од најголемата опозициска партија и побараа од премиерот Ковачевски „да каже што задачи добил од Али Ахмети и Еди Рама“.

Ковачевски ја поздрави средбата пред две вечери во Тирана.

-Секој разговор што ваков човек го има со политички чинители од нашата држава во насока на градење пријателство и добрососедство и во насока на задржување на курсот на европските интеграции го сметам за позитивен и добредојден, со оглед дека во нашиот регион постојат два концепти, а тоа се каде што предводници сме јас, Рама и други премиери – европска интеграција на регионот и другиот концепт во кои што политичари сметаат дека овој регион не треба да биде интегриран во ЕУ. Тие политичари никогаш не понудија алтернатива, кажа Ковачевски.

Во Тирана се зборувало за европската иднина на Северна Македонија и Албанија, соопштија вчера за „Локално“ од Демократската партија на Албанците (ДПА).

Без повеќе детали за средбата, од партијата на Мендух Тачи само истакнаа дека станало збор за неслужбена вечера.

Првиот човек на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари исто така кажа дека средбата повеќе наликувала на новогодишна вечера.

-Се разговараше за предизвиците кои ги очекуваат Северна Македонија и Албанија на патот кон ЕУ. Го уверив премиерот на Албанија дека не постои албанска партија која е против интеграцијата на земјата во ЕУ, рекол Таравари пред присутните новинари.

Слични содржини