Јужна Кореја подигна борбени авиони по откривањето на 180 севернокорејски летала

од Stefanija Kuzmanovska
141 прегледи

Војската на Јужна Кореја соопшти дека подигнала борбени авиони откако во петокот открила околу 180 севернокорејски воени авиони кои летале северно од воената граница повеќе од четири часа.

Севернокорејските авиони летале северно од таканаречената тактичка линија, повлечена на 20 километри северно од линијата за воено разграничување (МДЛ), се вели во соопштението на војската на Јужна Кореја.

Јужна Кореја одговори со подигнување на 80 авиони, вклучително и невидливите ловци Ф-35А. Околу 240 авиони кои учествуваат во воздушната вежба Vigilant Storm со САД ги продолжија вежбите, соопшти војската.

Десет севернокорејски воени авиони изведоа слични маневри минатиот месец, што ја натера Јужна Кореја да ги подигне авионите.

Маневрите уследија откако Северна Кореја истрела повеќе од 80 артилериски проектили во морето во текот на ноќта, како и лансирање повеќе проектили во морето во четвртокот, вклучително и можна неуспешна интерконтинентална балистичка ракета (ICBM).

Лансирањето ги поттикна САД и Јужна Кореја да ги продолжат воздушните вежби, што го разлути Пјонгјанг.

Слични содржини