278
Новогодишната ноќ ќе се одржи на Тајмс Сквер во Њујорк без ограничувања и мерки против вирусот ковид-19 за првпат по две години.
На дочекот гостите ќе го следат спуштањето на кристалната кугла, кое според традицијата трае 60 секунди и започнува една минута пред полноќ, јавува Би-Би-Си.
Британскиот јавен сервис објави дека куглата е составена од речиси 2.700 кристали.