„Њузвик“ ја разобличи руската дезинформација за наводно уништување на „Командниот центар на НАТО“ во Украина

од Vladimir Zorba

Дали Њузвик го менува наративот, и почна да ги согледува случувањата од руската агресија врз Украина врз база на факти и проверени информации. Иако и во овој наслов преовладува сензационалистички елементи, сепак , со вклучување на проверката на факти на набљудувачот за дезинформации на Њузвик.

Њузвик под лупа го стави тврдењето што кружи на некои канали на социјалните медиуми, вклучително и оние про-Кремљ канали познати по ширењето на  руската пропаганда, кои објавија дека руски прецизен ракетен напад наводно уништил подземен „команден центар на НАТО“ во Украина претходно овој месец, при што „десетици“ западни офицери и воен персонал наводно биле убиени во ракетниот напад со „Кинжал“ (кама). Тоа е целосна лага.

Во некои случаи тврдењето беше поткрепено со фотографија од наводното место за напад, на кое се гледаат големи размери и опожарена зграда.

Неколку објави на Твитер и Телеграм, со вкупно стотици илјади прегледи кон крајот на март 2023 година, се тврди дека е уништен штаб на НАТО во Украина, при што во нападот загинале „до 300 луѓе“.

„Застрашувачки удар на руската суперсонична ракета Кама на длабочина од 130 метри врз командниот центар на НАТО во Украина!: Грчкиот „Проњуз“ пишува за огромните загуби меѓу офицерите на НАТО како резултат на ракетниот напад“, се вели во една објава.

Целиот текст на следниот линк!

Слични содржини