Ќе се реконструираат ООУ „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Петков Мисирков“ во Куманово

од Vladimir Zorba
277 прегледи

Владата на предлог на Министерството за образование и наука ја разгледа и усвои Информација за спроведување повеќегодишна јавна набавка за изведување на градежни работи за реконструкција на објектот на ООУ „Браќа Миладиновци” и на ООУ „Крсте Петков Мисирков” – Општина Куманово, како и услуги за вршење на стручно-технички надзор врз реконструкција.

Притоа беше задолжено Министерството за образование и наука да ја спроведе постапката за проектот кој предвидува замена на стар и дотраен кровен покривач со енергетски ефикасен покрив. Предвидена е и внатрешна замена на стари и дотраени материјали.

Слични содржини