Има законски празнини, уште при првиот мандат укажав на тоа, кажа претседателот на Собранието Талат Џафери во однос на прашањето во вечерашното издание на Вин-Вин на Тв Телма, дали го загрижуваат последните информации дека со безбедносниот сектор во државата не е се како што треба, земајќи ја предвид аферата со пасошот на Украинецот Онишченко.
„Треба да се изврши дополна на законите за да се дефинира конечниот статус на граѓанскиот совет и на двајцата советници во комисијата. Затоа што, така како што поставено, неизводливо е. За граѓански совет предвиден е буџет во Собранието, но по која ставка да ги давам тие пари да се трошат. Јас не потпишувам пари без законска основа.“ – изјави Џафери.
Треба да се дорегулира законска рамка и по однос на сертификатите. Не може пратеникот кој го бирате во Комисијата, да чека година дена за сертификат. По сила на закон треба да добие, додаде Џафери.