Џенифер Лопез и Бен Афлек го привлекуваат вниманието каде и да се појават, а тие беа главните наслови на Греми наградите.
Фотографијата од мрзливиот израз на Афлек набрзо стана вирална, а многумина коментираа дека актерот изгледа како „попрво да иде на забар отколку на Греми“.
@jennifer_jilo_ Amore ❤️❤️ #jlo #jenniferlopez #fyp #foryou #grammys #bennifer #benaffleck
Камерите го снимија и моментот кога Џенифер му вели дека треба „изгледа потопло и помотивирано“, а сега и самата пејачка и актерка се пошегува на сметка на својот сопруг.
Таа го објави на Твитер трејлерот за филмот „Ер“ во режија токму на Афлек. Тој и глуми и во ова филмско остварување, а Џенифер насмеа многумина со коментарот кој го напиша покрај објавата.
AIR … cannot wait! @AIRmovie Starring #MattDamon, @ViolaDavis, #JasonBateman, @ChrisTuckerReal, #ChrisMessina &
Directed by @BenAffleck pic.twitter.com/dhdUxFGMme— jlo (@JLo) February 9, 2023
„Air… Едвај чекам“, напиша Џенифер, а потоа додала: „Среќен израз на лицето на мојот сопруг“, заедно со намуртеното лице на нејзиниот сопруг, што насмеа многумина.