Џена Ортега на црвениот тепих на Златниот глобус во нов имиџ (ФОТО/ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
219 прегледи

Актерката Џена Ортега, позната по улогата на Венсдеј Адамс во истоимената ТВ серија, на црвениот тепих на Златните глобуси се појави во нов имиџ.

Во декември минатата година, Џена Ортега драстично го промени имиџот – се ослободи од долгата црна коса што ја поврзуваше со Венсдеј.

Првото јавно појавување на Ортега во новиот имиџ се случи на 80-тото доделување на наградите Златен глобус, кое се одржа ноќта на 11 јануари во Беверли Хилс.

20-годишната актерка во јавноста се појави во лелеав фустан на „Гучи“ со процепи на струкот, изработен од проѕирна плисирана ткаенина. Фантастичниот изглед го комплетираа сребрените чевли со платформа и потпетици, неколку синџири, нараквици и прстени.

Слични содржини